Mercedes-Benz ги откри плановите за следната година – доаѓа бура од Штутгарт

ОБЈАВЕНО НА:

Дека Mercedes-Benz има големи амбиции, амбиции за заземање на лидерската позиција во авто индустријата говори и планот за следната година.

Следната година, производителот од Штутгарт ќе претстави вкупно 12 модели. Покрај веќе најавените нови генерации на GLE и B класата, тука ќе биде и новата CLA во седанска изведба и CLA во т.н. Shooting Brake изведба.

Најголемата експанзија е планирана во SUV сегментот. Така тука покрај веќе претставените GLE и EQC чије сериско производство ќе започне следната година, во 2019 година ќе биде прикажана редизајнираната GLC вклучувајќи ја и седанската изведба. Следната година новитет ќе биде новиот модел GLS како и дополнителен SUV модел кој ќе биде премиерно претставен кон крајот на 2019 година.

Mercedes-Benz следната година ќе започнат со сериско производство на електричната верзија на Vito и Sprinter, а ќе биде претставена и новата V класа. Германскиот производител не го одмина и Smart па така кон крајот на следната година ќе бидат претставени и неколку нови модели од овој бренд кој функцнионира во рамките на Mercedes-Benz.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK