Веќе го има и во воздух: 82 авиокомпании нудат Wi-Fi

ОБЈАВЕНО НА:

Досега интернетот беше привилегија само доколку сте на површината на земјата, и нормално некој кат подолу. Но, веќе има технологија што нуди брз интернет и н ависочина од 10.000 метро, и тоа дури и поевтино отколку на земјата.

На почетокот на 2018 година, веќе има 82 авиокомпании ширум светот кои обезбедуваат Wi-Fi во нивните авиони. Нивниот број за изминатата година е зголемен за 15%.

Според годишниот извештај на компанијата Routehappy, една година порано, превозниците кои обезбедуваат интернет во лет биле 70, што е за 12 помалку од сега. Според експертите, цената на модерната опрема за дистрибуција на Wi-Fi е значително намалена. Сега е достапен и за мали превозници. Во исто време, многу авиокомпании почнаа да ги модернизираат своите системи во корист на брз интернет.

Routehappy забележува дека авиопревозниците брзо се оддалечуваат од старите Wi-Fi системи. Сега имаме технологии кои овозможуваат брз интернет на 10.000 метри, дури и поевтини отколку на теренот.

Лидери во користење на оваа технологија се Delta Airlines, American Airlines и Emirates. Три превозници – Icelandair, Southwest, Virgin Atlantic
– нудат Wi-Fi за сите летови. Голем број авиокомпании – Air Europa, Etihad, Eurowings, EVA Air, Iberia, Kuwait, Lufthansa, SAS, Scoot, United ова го нудат само летови за долги релации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK