Upset driver After Traffic Accident

Црн биланс: Досега годинава има 122 загинати во сообраќајки во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Бројот на загинати во сообраќајни несреќи во Македонија е голем и во првите девет месеци годинава има 122 загинати, од кои 25 или една четвртина се пешаци

Унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот и намалување на жртвите на патиштата беше целта на тркалезната маса „Пешаците и нивната безбедност во сообраќајот“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Македонија со новиот закон за безбедност на сообраќајот создаде услови за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат пешаците, особено со намалувањето на брзината на движење во населени места од 60 на 50 километри на час.

Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски, рече дека пешаците се најголема и најранлива категорија на учесници во сообраќајот и секоја година на патиштата во светот 270 илјади пешаци ги губат животите, што претставува околу 22 проценти од вкупниот број загинати на патиштата.
Најчести причини за сообраќајни незгоди на патиштата во Македонија со загинати пешаци се брзото возење во населени места, алкохолизирани возачи и пешаци, несоодветна сообраќајна инфраструктура, несоодветна видливост на пешаците во сообраќајот и учество во сообраќај со одвлечено внимание.

Во првите девет месеци годинава на патиштата во државата се случиле 111 сообраќајни незгоди со загинати лица што е зголемување од 6,31 процент во однос на минатата година, додека бројот на вкупно настрадани пешаци е намален на 618 од 713 во 2015 година. Бројот на загинати пешаци, исто така, е намален од 37 во 2015 година на 25 годинава.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK