На саемот во Њујорк на 13 април ќе биде прогласен победникот од изборот за „Светски автомобил на годината“. Веќе е позната и финалната листа од 10 автомобили што ќе се борат за титулата, но и другите категории каде исто така ќе има победници.
Од 2004 година се организира овој избор, а жирито се состои од специјализирани автомобилски новинари од 22 земји. За еден автомобил да може да влезе во изборот треба да биде појавен во јавноста меѓу двата избора, и тоа во продажба во најмалку пет земји и два континенти.
Покрај главната награда „Светски автомобил на годината“ се избираат победници во уште неколку други категории. Сепак најважна е категоријата „Светски автомобил“. А годинава таму се најдоа дури три модели на Audi.
Номинации за изборот за 2017
2017 – Светски автомобил
Audi A5/S5 Coupe
Audi Q2
Audi Q5
Fiat/Abarth 124 Spyder
Honda Civic
Jaguar F-Pace
Mazda CX-9
Skoda Kodiaq
Toyota C-HR
Volkswagen Tiguan
2017 – Луксузен автомобил
Bentley Bentayga
BMW 5-Series
Genesis G90
Mercedes-Benz E-Class
Volvo S90/V90
2017 – Спортски автомобил
Aston Martin DB11
Audi R8 Spyder
Honda/Acura NSX
McLaren 570S
Porsche Boxster/Cayman
2017 – Урдано градско возило
BMW i3
Citroen C3
Ford Ka+
Smart Cabriolet
Suzuki Ignis
2017 – Најдобар дизајн
Audi A5/S5 Coupe
Jaguar F-Pace
Mazda CX-9
Mercedes-Benz S-Class
Toyota C-HR
2017 – Најзелен автомобил
Chevrolet Bolt
Honda Clarity FCV
Hyundai Ioniq
Tesla Model X
Toyota Prius Prime