Со тизер фотка BMW го најави враќањето на серија 8

ОБЈАВЕНО НА:

Групацијата BMW најави лансирање на модел од новата серија 8 во текот на 2018 година, заживувајќи ја поскапата купе линија што е дел од една поширока стратегија фокусот да се префрли на спортските автомобили, кои носат повисока маржа, отколку на компактни автомобили.

„Coupe 8 серијата ќе дебитира следната година“, најави главниот извршен директор Харалд Кругер пред акционерите на генералното годишно собрание на BMW, кое се одржа во Минхен.

„Ние го освежуваме целото портфолио со производи и ги зајакнуваме перформансите. Нашата стратегија ќе се фокусира на луксузниот сегмент, каде има маргини за да се заработи„, дополни Кругер.

BMW планира до 2020 година значајно да ги зголеми приходите од луксузниот сегмент.

Според извори од компанијата, 8 серија ќе се базира на серија 7 и ќе ја пополни празнината помеѓу серија 7 и Rolls-Royce Wraith од групацијата на BMW во опсегот на цена од „над 150.000“ евра.

Купето со две врати се очекува да пристигне во 2018 година, а година подоцна и кабриолет верзија. За спортската верзија М8 сѐ уште се размилсува, а ќе има и верзија со 12 цилиндри.
BMW последен пат серијата 8 ја произведуваше од 1989 до 1999 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK