Со 150.000 продадени примероци во 2016 година, најпродаваниот спортски автомобил во светот е од семејството на Ford. Toa e моделот Mustang што нашол 45.000 сопственици само во САД.
Моделот официјално се продава во 140 земји, а во текот на 2017 ќе стане достапен во уште шест, вклучувајќи го и Бразил. Годинава се очекува извозот да биде зголемен за 30 отсто.
Најпродаван е во Кина и Германија, а само во Кина зголемувањето е за 76 отсо поголемо. На почетокот на годинава Mustang од шестата генерација е дотерана и освежена.
Измените што сега ги има моделот во однос на претходната верзија се однесуваат на предните светла и браникот кој има поинакви отвори, пошироко предно грло, дотерана хауба, задни светла, црн заден дифузер и заден спојлер кај GT верзијата. Промени има и во суспензијата, а унапредено е и управувањето.