Seat Tarraco со пет ѕвезди на краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Сосема очекувано Seat Tarraco се закити со максималните пет ѕвездички на Euro NCap краш тестот.

Со освоени 97% во поглед на безбедноста на возачот односно возрасните овој автомобил влезе во најбезбедните 10 автомобили во рамките на Volkswagen Групацијата. Повеќе од солидни резултати забележа и во останатите три параметри.

- Advertisement -

Така во поглед на безбедноста на децата овој модел забележа резултат од 84%, а во однос на безбедноста на пешаците и безбедносната асистенција за возачот и возилото по идентични 79%.

Со овие резултати од краш тестот, Tarraco го доби епитетот најбезбеден автомобил на шпанскиот производител рангирајќи се на првата позиција пред Arona, Leon, Ibiza и Ateca.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја