петок, 25 декември, 2025 година

Seat се премисли – ќе прави целосно електрично возило

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Seat се подготвува да понуди на пазарот целосно електрично возило, со што ќе ја смени првичната одлука дека електричните возила ќе чинат многу и затоа нема да ги развива.

Шпанскиот бренд што е дел од VW групацијата, би можел да го понуди овој електричен автомобил во 2019 година, потврди Извршниот директор на компанијата, Лука де Лео.

- Advertisement -

Тој изјави дек Seat работи на развој на нивно електрично возило користејќи ја модуларната MEB архитектура од VW групацијата за електрични автомобили.
„Доколку бројките се позитивни, би можеле д аго претставиме автомобилот во 2019 година, изјавил де Лео.

VW работи на финиширање на развојот на МЕВ платформата, со што ќе им с еовозможи и на другите брендови во групацијата да работат на нивни електрични возила.

Ако се одобри промоција во 2019 година, тогаш Seat EV ќе биде првото електрично возило што ќе ја користи новата платформа, исто како што и новата Ibiza е првото возило во VW што ја користи MQB A0 платформа за мали возила, и тоа пред моделот Polo.

Ова ќе биде голем предизвик за Seat да направи автомобил што ќе ги привлече младите купувачи. Во моментов просечната старост на купувачите на Seat е 45 години, за разлика од 54 години на нивните ривалски брендови.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја