Први фотографии од Sandero и Stepway кои чекаат на промоција

ОБЈАВЕНО НА:

Бразилија ќе има можност да биде местото каде што својата промоција ќе ја имаат модернизираните Renault Sandero и Stepway. Двете возила се очекува да бидат промовирани во првите две недели од 2018 година, а тоа ќе биде шанса и за брзо пуштање на пазарот. Кај нас моделите се продаваат под брендот на Dacia што е во целосна сопственост на Renault.

Се очекува уште при првото претставување во Бразилија да има и продажба и на двете нови возила исто како и на претходните модели. Кај новото Sandero има промена на решетката на ладилникот, а има и нови фарови, кои се доста поголеми и со сложена форма. Истите промени се забележуваат и кај Sandero Stepway каде има промена и на задниот браник.

Моделите коишто ќе бидат промовирани во Бразилија ќе бидат со мотори на бензин со обем од 1.0 и 1.6 литри.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK