Премиерата на новиот Toyota Land Cruiser закажана за април следната година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Land Cruiser е еден од најпопуларните теренци на Toyota, особено во Азија, Блискиот Исток и делови од Африка. Јапонскиот производител објави дека премиерата на новата генерација ќе се случи во април следната година.

Актуелната генерација датира уште од 2007 година што го прави овој модел најстар во понудата на јапонскиот производител кој е достапен на повеќе од 150 национални пазари ширум светот.

- Advertisement -

Засега не се познати многу официјлани детали поврзани со овој модел. Се шпекулира дека ќе ја носи назнаката 300, а ќе ја користи истата платформа како и актуелниот модел.

И натаму ќе продолжи да се произведува во Аичи, Јапонија и Сичуан, Кина, а во понудата ќе бидат задржани актуелните бензински, 4,0 литарски, 4,6 литарски, 4,7 литарски и 5,7 литарски V8 мотор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја