Почнува 38. издание на Dakar – Првпат релито ќе минува низ Парагвај

ОБЈАВЕНО НА:

Денеска почнува 38 издание на релито на издржливост и авантура, Dakar. Меѓу најголемите предизвици за натпреварувачите годинава ќе бидат песочните дини и високата надморска висина.

Маратонот ќе тра 12 денови и за првпат ќе минува низ Парагвај, покрај маршрутата што е поставена да се вози и низ Боливија и Аргентина. Ќе се возат повеќе од 9.000 км., а се верува дека етапите во Боливија ќе бидат меѓу најтешките бидејќи ќе се возат на надморска висина од над 3.500 метри. Таму ќе биде и најдолгата етапа на релито, со над 500 км.

Повторно до израз ќе треба да дојадт возачките но и писихичката подготвеност на натпреварувачите, но и подготвеноста на машините. Ќе стартуваат 491 возач и 391 машина поделени во четири класи: автомобили, мотоцикли, АТВ баги и камиони.

Меѓу оние на четири тркала кај автомобилите најголеми фаворити се возачите на Peugeot, и се очекува да нема тимски наредби, туку ќе им се дозволи да се натпреваруваат меѓу себе. Француската компанија се надева на искуството и квалитетот на Стефан Петерхансел, Карлос Саинц, Сирил Деспрем и Себастијан Леб.

Најголемиот конкурент на францускиот тим ќе биде Toyota. Екипата го привлече Насер Ал Атија, кој посакува по третпат да победи на ова рели. Тој ќе вози во екипата заедно со Орландо теранова и Нани Рома.

Ланскиот победник кај моторциклите Тоби Прајс се очекува повторно да биде кандидат за титулата во мотоцикл на KTM. Најголема закана треба да му биде Стефан Свитко кој ќе вози фабрички мотоцикл на KTM.

dakar-2017-mapa

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK