Тестирањата направени на почетокот на ноември, покажаа одлични резултати за Koenigsegg, а на патеката во Невада беше поставен нов рекорд за максимална брзина на сериски автомобил. Новото најдобро постигнување е 447 километри на час, што е просек од двете задолжителни возења. При првото возење достигнатата брзина брила 454,9 км/ч, а при второто 435 км/ч.
Видеото коешто е објавено од страна на Koenigsegg дава можност да се види нападот на светскиот рекорд и тоа од најдобра позиција. Камерите се поставени во возилото и може да се види како тест пилотот Никлас Лилја го вози автомобилот. Инаку, после надминувањето на брзината од 300 километри на час автомобилот минувал по 127 метри во секунда.