Ова е најбезбедниот автомобил за 2019 година (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во време кога за прв пат во историјaта Euro NCAP организацијата нема спроведено краш тест по цели седум месеци во годината, време е да се потсетиме за тоа кој беше најбезбедниот автомобил за минатата година според оценката остварена на овие краш тестови.

Во текот на минатата, 2019 година беа спроведени вкупно 58 краш тестови, а автомобил со најдобри краш резултати е Tesla Model X.

- Advertisement -

Овој автомобил освои максимални пет ѕвезди на краш тестот, а импресивен скор забележа во однос на безбедносната асистенција на возачот и тоа од 94% што е апсолутен рекорд.

Одличен скор оствари и во останатите три параметри со што Tesla доакажа дека не само технолошки туку и во поглед на безбедноста на возачот, патниците и околината има високи амбиции.

Од друга страна, со само три ѕвезди, како најмалку безбедни автомобили од тестираните за 2019 година се најдоа Jeep Renegade, Skoda Citigo, Seat Mii, VW Up и Aiways U5.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја