Останува на врвот: Kia има најквалитетни нови возила втора година по ред

ОБЈАВЕНО НА:

Престижната организација која има различни избори во однос на квалитетот на производител, J.D.Power ја објави најновата листа на новите автомобили што се продаваат и нивниот квалитет. Според анализата новите возила што се продаваат го подобруваат квалитетот, и истиот е за 8 отсто подобар од лани. Студијата е направена врз основа на проблемите што се појавиле на 100 нови возила од секој бренд во првите 90 денови од нивното купување. Според студијата колку помал коефициент се добива толку подобро е возилото.

Година, подобрување во квалитетот има во седум од осумте категории што биле предмет на испитување, и тоа е направено кај 27 од 33 бренда.
Во најновото истражување направено во САД, Kia има највисоко почетно ниво во квалитетот, со 72 евидентирани проблеми на 100 автомобили. Потоа следува Genesis, премиум брендот на Hyundai со 77 пријавени проблеми, а трет е Porsche со 78 проблеми.

Најмногу проблеми има кај европските возила, и на дното се Volvo (134 проблеми), Jaguar (148) и Fiat (163 проблеми).
Гледано според сегменти Kia има пет победници: Cadenza, Niro, Forte, Sorento и Soul. Другите победници се: BMW series 2, series 4, X6, Chevrolet Silerado и Sonic, Chrysler Pacifica, Ford Mustang и Expedition, Infinity QX80, Lexus Gs, Mercedes GLA, Mini Cooper, Nissan Frontier, Porsche 911, Porsche Macan, Toyota Camry.

Аудио/комуникациите, забавата, навигацијата остануваат местата каде сопствениците на новите возила имаат најмногу проблеми. Но, оваа категорија покажува најголем напредок во однос на лани. Единствената категорија каде им аполоши резултати во однос на лани, се функции, контроли и прикажувачите. Најголемите проблеми се со cruise control (првенствено adaptive cruise); lane departure warning; collision avoidance/alert systems; and blind spot warning.

Прочитајте го целиот извештај на JD Power

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK