Необична снаодливост – со фенови за коса ги плашат брзите возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Жители на едно село во Шкотска облекуваат флуоресцентни елеци и со фенови за коса застануваат крај улиците со намера да ги успорат брзите возачи, кои, пак, брзината ја намалуваат мислејќи дека ги чекаат сообраќајци со радари.

Ваквата граѓанска иницијатова во Хопеман е поради стравот меѓу мештаните дека некој може да настрада од брзите возила додека минуваат низ селото.

Возачите неретко низ селото минуваат со брзини над 100 километри на час.

Во акцијата се вклучени и децата, кои со црни фенови стојат крај патот. Иако се свесни дека немаат многу успех, жителите сметаат дека успеваат да го посочат проблемот како за возачите, така и за властите.

„Никој од нас не сака да стои крај патот во елек со фен во раката, но ова е начин да ја подигнеме свесноста за проблемот, од една страна им порачуваме на возачите да бозат побавно додека минуваат низ нашата заедница, а од друга страна очекуваме и властите да превземат мерки“, вели жител на Хопеман.

Од шкотската полиција одговараат дека превземаат мерки за намалување на бројот на сообраќајки во областа коишто се предизвикани од брзо возење, јавуваат од Би-Би-Си.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK