Неколку компании сакаат да го купат Ducati од VW

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов e под контрола на Audi, и вреди 1,2 милијарди долари, но неколку компании се заинтересирани да го преземат Ducati од VW групацијата. Италијанскиот мото бренд има извонредна историја.

Но, VW сака да го продаде за да си го олесни периодот низ кој минува компанијата по избивањето на аферата дизелгејт во 2015 година. Според пишувањето на агенцијата Ројтерс, една од понудите за купување е од инвестициската компанија на ииталијанското семејство на Benetton, односно Edizione Holding.

Извори блиски до германската компанија тврдат дека меѓу заинтересираните е и Bain Capital, фонд со седиште во САД, и сопственик на две мото бренда од Индија.

Меѓу заинтересираните е и Harly-Davidson и кинеската Loncin Motor, но се уште не доставиле официјална понуда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK