недела, 25 јули, 2025 година

Нафтата ќе се „држи“ на 45 долари – максимум ќе оди до 60 долари

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Цените на суровата нафта веројатно нема да се вратат на ниво со трицифрени броеви, тврдат аналитичарите на Ситигруп во белешката цитирана од Блумберг.

Идејата за нафта по цена од 100 долари или повисока, „има многу повеќе фантазија од реалност“, пишуваат аналитичарите на „Сити“, додавајќи дека на долг рок, 45 американски долари за барел на Брент е далеку поверојатно сценарио отколку да се достигне на 60 долари за барел.

- Advertisement -

Во повеќе песимистичка верзија, аналитичарите на „Сити“ велат: „Растот на побарувачката на нафтени производи значително ќе се намали, ќе ги промени своите контури и никогаш нема да се врати на стапката на раст што му претходеше пред Ковид-19“.

Побарувачката сè уште не се опоравува и многумина се сомневаат дека целосно ќе закрепнат на ниво као во пред пандемијата.

Во меѓувреме, постојат и закани за снабдување. Се чини дека Саудиска Арабија им се закани на другите членки на ОПЕК дека ќе продолжи со војната со цената, доколку не направат повеќе за да ги исполнат своите производствени квоти според договорот ОПЕК +, кој има за цел да намалат 9,7 милиони барели на ден од глобалните снабдувања до крајот на овој месец,

Иако производството на ОПЕК падна на најниско ниво за 30 години минатиот месец, ова можеби не е доволно за да се стимулира посилно закрепнување на цените на нафтата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја