сабота, 25 јули, 2025 година

Момче од Тексас изуми уред за заштита на децата од топлотен удар во возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Според извештајот на CBS News, Бишоп Кари пред една година ја видел веста за шестмесечното бебе кое почина од топлотен удар откако родителот го остави во жежок автомобил. Откако го видел извештајот, Кари веднаш почнал да работи на прототип што требал да ги спречи ваквите смртни случаи.

Оригиналниот изум на Кари се состоел од вентилатор што се поставува на наслонот за глава и се насочува кон главата на детето, а се вклучува автоматски кога во автомобилот температурата ќе се зголеми до одредена точка. Според таткото на Кари, Бишоп Кари Четврти, единаесетгодишното момче на уредот додало и ГПС.

- Advertisement -

„Со ГПС технологијата, уредот детектира кога возилото стои, а потоа детектира и дали во возилото има дете, како и дали температурата во возилото се зголемува. Кога сите три фактори се исполнети, вентилаторот се вклучува и кон детето дува воздух, кој се лади преку интерен систем за ладење“, објаснува родителот Кари.

Сепак, момчето не било задоволно со изумот и додало и WiFi кое ги контактира родителите и ги предупредува дека детето е во автомобилот.

3Д модел од уредот во изминатите месеци е презентиран пред повеќе производители на детски седишта, а од јануари годинава во тек е и кампања GoFundMe за финансирање на изумот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја