вторник, 26 март, 2026 година

Макпетрол со три признанија „Креатори на векот“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Макпетрол АД доби три признанија „Креатори на векови“ за својата работа од страна на 6-от Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа. Самитот се одржа од 22 до 24 март, 2019 година во Дубровник, Република Хрватска.

Како и досега, Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“ се одржа со цел јавно признавање и привлекување на вниманието на јавноста кон успехот на претприемачите и лидерите кои со својот особен придонес за развој на претприемништвото во регионот, значително го поттикнуваат економскиот и општествениот развој.

- Advertisement -

Во друштво на 346 компании од Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија, Македонија и Србија, Макпетрол АД доби награди и признанија во три категории.

Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија анализирајќи ги досегашните успеси на компанијата ја додели престижната Голема награда и признание за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на Макпетрол АД и на претседателот на Управниот одбор, господинот Андреја Јосифовски. Со оваа награда се оддава јавно признание на големите визионери и лидери чија работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен замаец кон напредокот на општествената заедница.

Како дел од самитот, посебна оценувачка комисија на чело со проф. Др. Сц. Ненад Бркиќ, експерт за маркетинг и односи со јавност, паралелно следејќи ја комуникацијата со кандидатите и избраните лауреати направи избор и за најдобар комуникатор во проектот „Креатори за векови – 2018“. Токму ова признание, исто така го доби претставникот на Макпетрол АД, Мишко Тасевски, раководител на секторот за маркетинг.

Макпетрол АД е компанија која секогаш е ориентирана кон општеството и задоволството на потрошувачите, континуирано инвестира во развојот на нови технологии и производи со што, меѓу другото, особено придонесува кон заштитата на животната средина. Свесна дека својот успех, покрај макотрпната работа, го должи на поддршката на заедницата во која работи, компанијата секогаш се труди да се заблагодари за истото преку општествено одговорните проекти, како и поддршка во спортот и културата.

Плановите на компанијата од година во година се сè поголеми, а инвестициите во иновациите и развојот континуирани, со цел усовршување на сопствените производи и услуги, проширување и создавање на нови капацитети, како и инвестирање во својот стручен кадар за постигнување на врвни резултати.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја