понеделник, 26 јануари, 2026 година

Lotus ги ОТКАЖА плановите: Нема да биде целосно електричен до 2028

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Lotus уште во 2021 година потврди дека нивниот спортски автомобил Emira ќе биде последното возило со погон на внатрешно согорување во неговата постава, а марката ќе стане целосно електричен до 2028 година. Во освежувачки пресврт, британскиот производител во кинеска сопственост вели дека сега го укинал тој план, а наместо тоа ќе се сврти кон хибридна моќност за претстојните модели.

Пресвтот доаѓа бидејќи купувачите на луксузни автомобили продолжуваат да покажуваат неподготвеност да купуваат електрични возила, дури и на популарните пазари како Кина.

- Advertisement -

Извршниот директор Фенг Кингфенг им изјави на новинарите на саемот за автомобили во Гуангзу, Lotus планира да развие „супер хибридна“ технологија која комбинира брзо полнење и турбо мотор со согорување, ветувајќи 680 милји вкупен опсег, според пишувањата на колегите од специјализираниот магазин Autocar.

„Во Lotus, секогаш сме ја избирале најдобрата достапна технологија за напојување, без разлика дали е чист бензин, чист електричен, хибриден или зголемен опсег [EV]“, изјави Фенг за Wall Street Journal.

Ова е остра промена од првичниот став на Lotus, каде што претходно ја отфрли употребата на plug-in хибриди благодарение на нивното компромитирано возачко искуство, особено со испразнета батерија.

Фенг вели дека компанијата ќе го реши овој проблем со архитектура од 900 V која ќе ја „полни молскавилно – брзо, (flash-charge) батеријата со брзина што ќе биде дури и побрзо од менувањето батерии.

Не е јасно кои модели Lotus има намера да ги опреми со својата нова хибридна технологија. Освежените верзии на SUV моделот Eletre и седанот Emeya секако би можеле да ја искористат дополнителната разновидност, бидејќи ќе ги отворат автомобилите за многу поширока база на купувачи.

Иако новата опрема сигурно ќе додаде тежина, не е дека и пред тоа беа многу лесни….

Оние кои бараат „потрадиционален“ тип на нов Lotus со хибридна технологија, не треба премногу да се надеваат во запазувањето на традицијата.

Сè сугерира дека овој погон е наменет да им помогне на големите луксузни креации со четири врати на компанијата, наместо да ги одржува живи ( актуелни на пазаротт) лесните спортски автомобили.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја