петок, 25 јули, 2025 година

LEXUS ES добива дигитални странични ретровизори и во Европа (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од компанијата Lexus објавија дека за време на меѓународниот саем во Женева на почетокот на март ќе се одржи европската премиера на луксузниот седан ES во верзија без класични странични ретровизори.

Новото надвореши ретровизори се со компактни размери и со висока резолуција, а пренесуваат слика во реално време на два монитори во внатрешноста на автомобилот позиционирани на двата краја на предната табла.

- Advertisement -

Од Lexus велат дека новиот систем за видливост наназад Digital Side-View Monitor кај ES е отпорен на дожд, снег и маснотија, а опремен е со грејачи и ветува да му даде на возачот одличен поглед за случувањата на страна и зад него.

Дополнителна безбедност се постигнува со интегрирањето на функцијата „широк поглед“ при активирање на индикаторите за насока, рикверц или по желба на самиот возач.

Системот Digital Side-View Monitor ќе биде достапен за нарачка во Велика Британија, Германија, Шпанија и Полска во март, а за другите европски пазари ќе биде воведен до крајот на годината.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја