петок, 25 јули, 2025 година

Lada „растура“ во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во првото тримесечје од годинава, Lada продала 1.142 возила во ЕУ, според податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители (АЦЕА). Ова е за 63,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Резултатите од продажбата на Lada возилата во ЕУ се вклучени во збирните резултати на Renault групата, која пак бележи пораст од 11,4 отсто во првио тквартал од годинава. Вкупната продажба на нови автомобили во Европа во истиот период е зголемена за 8,4 отсто.

- Advertisement -

Високиот процент на зголемување е поради лошите продажни резултати во минатото, но и почетокот на продажбата н амоделот Lada Vesta на некои европски пазари (Германија, Унгарија, Бугарија). Во ЕУ се продаваат и моделите на Granta, Kalina и 4×4 модели под брендот на Lada.
Претседателот на AvtoVAZ, Николас Мур изјави дека компанијата планира да го зголеми извозот за 50 отсто во 2017 година, и да продаде 60.000 возила во други земји.

Моделите на Lada се произведуваат во Толјати, во фабрика на AvtoVAZ што е 67 отсто сопственоста на Renault-Nissan. Таму се произведуваат и некои модели на Nissan, Renault и Datsun.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја