среда, 26 септември, 2026 година

Кинезите напаѓаат – за еден месец извезе речиси 900.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кинеските производители во август извезле 894.000 патнички возила, што претставува раст од 77,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Во исто време, продажбата во Кина продолжила силно да опаѓа.

Податоците на Кинеската асоцијација за патнички автомобили, CPCA, покажуваат две целосно различни лица на најголемиот автомобилски пазар во светот.

- Advertisement -

Домашната продажба во август се намалила за 23,7 проценти, на 1,55 милиони автомобили. Тоа е единаесетти последователен месец во кој кинескиот пазар бележи пад.

Продажбата на електрични и plug-in хибридни автомобили во Кина се намалила за 10,1 процент. Овие возила сепак учествувале со 64,7 проценти во вкупната домашна продажба.

Надвор од Кина сликата е сосема поинаква. Извозот на електрични и plug-in хибридни модели пораснал за дури 154,7 проценти.

BYD и Geely во август постигнале нови извозни рекорди. Xiaomi веќе склучува договори со германски дилери пред планираното пристигнување во Европа во 2027 година.

Кинеските производители се соочуваат со презаситен домашен пазар, агресивна ценовна војна и пад на профитните маржи. Извозот затоа станува главен извор на раст.

Според процената на CPCA, Кина во 2026 година може да извезе 12 милиони возила. До 2030 година годишниот извоз би можел да достигне меѓу 18 и 20 милиони автомобили.

Тоа значи дека Европа и Балканот можат да очекуваат уште поголем број кинески марки, модели и ценовни понуди. Иако ЕУ воведе дополнителни царини, производителите од Кина одговараат со локални фабрики и со проширување на продажната мрежа.

Кинеските власти веќе предупредија дека домашната ценовна војна не смее да се префрли на странските пазари. Производителите добија насоки да избегнуваат нагли и чести намалувања на цените што би можеле да им наштетат на купувачите и на репутацијата на марките.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја