Kia Sportage е „Автомобил на годината во Македонија за 2017“

ОБЈАВЕНО НА:

СУВ возилото Kia Sportage е избран за „Автомобил на годината во Македонија за 2017 “ од Националното Жири за Избор на Автомобил на Годината во Македонија. Ова е 22. Избор, на една од настарите манифестации од ваков тип земјава.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно (Правилникот за работа) и критериумите на изборот, одреди седум (7) финалисти кои годинава конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2017“. Листа на финалисти ја сочинуваа:

– Citroen C3
– Kia Sportage
– Peugeot 3008
– Renault Megane
– Seat Ateca
– Suzuki Baleno Hybrid
– Toyota C –HR

Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

Kia Sportage  доби 3 гласови од жирито, кои поединечно ги дадоа гласовите за овие модели. Гласот од финалистите го доби моделот Suzuki Baleno. За овој модел гласаа четири финалисти, за Тоyota C-HR гласаа двајца финалисти, и еден глас доби Peugeot 3008.

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ донесе одлука за доделување на признание „Избор од финалистите“ за Suzuki Baleno.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK