петок, 25 јули, 2025 година

Каков малер – Porsche ќе продава нови Cayenne возила како половни

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако го реши проблемот со дизелските агрегати на Cayenne SUV, во Северна Америка ќе се продаваат речиси 1.500 возила како користени.

Возилата се повеќе од една година кај дилерите во нивните салони, откако беше сопрена продажбата на возила по скандалот со емисијата на ЦО2 гасовите. Додека VW постигна договор со регулаторите во САД како да се поправат нивните 3,0 литарски дизелски мотори, Судот се уште официјално ја нема одобрено програмата за поправка.

- Advertisement -

Porsche ќе мора да поправи околу 10.000 дизелски возила од морелот Cayenne што веќе се продадени и се возат, и уште 1300 до 1500 возила кои се на плацевите кај дилерите.

Извршниот директор на Porsche за Северна Америка, Клаус Целмер потврди дека овие возила што се уште не се продадени ќе бидат понудени како половни. Ќе имаат мала километража и цената ќе им биде определена според староста.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја