сабота, 25 јули, 2025 година

Jaguar и Land Rover добија нов продажно сервисен центар во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Неколку месеци по објавата дека Jaguar и Land Rover ќе имаат нов застапник за Македонија, дојде и моментот за нова свеченост – отворањето на ексклузивен продажно-сервисен центар. Аутомобили груп е компанијата што во иднина ќе биде задолжена за продажбата на британскиот премиум бренд, но истовремено ќе понуди и сертифицирани користени возила од овие брендови.

Новиот центар за Jaguar и Land Rover опфаќа 680 м2, на улица Скупи. Воедно, новиот објект нуди и единствени, овластени од производителот, постпродажни и сервисни услуги. Врвниот квалитет и иновативноста во комбинација со легендарниот британски дизајн и креативниот инженеринг се белезите по кои е препознатлив овој бренд.
Софистицираноста и беспрекорноста се главните карактеристики на новиот продажен салон, кој е дизајниран според сите стандарди на Jaguar и Land Rover.

- Advertisement -

„Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Jaguar и Land Rover. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Jaguar и Land Rover, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење.” – изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“, г. Кочо Бураку.

Повеќе детали за двата бренда може да се види и н анивните интернет страници:
www.macedonia.jaguar.com
www.macedonia.landrover.com

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја