сабота, 26 март, 2026 година

Иако е старо – ова е најевтиното Ferrari во светот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Целосно автентичното Ferrari Mondial од 1982 година во одлична состојба бара нов сопственик за сума од 19.950 долари (17.711 евра) во Беверли Хилс, Калифорнија. Купето има поминато 71.655 милји (115.293 км) и никогаш не било удрено, за што сведочи сертификатот за чиста историја на CarFax.

Опремата на автомобилот Rosso Corso офарбан во класична боја вклучува кожен салон, клима и електрични стакла. Пред задната оска попречно е поставен V8 со зафатнина од 2.926 см3, во комбинација со пет трансакселна трансмисија.

- Advertisement -

На почетокот на 80-тите во САД, за каде е произведен автомобилот, дејствуваат жестоки ограничувања во моќноста поради потрошувачката на гориво и екологијата и моторот е дефорсиран до едвај 205 коњски сили. Тоа се одразило на максималната брзина, која е 220 км/ч.

За сметка на тоа Mondial е еден од неколку модели со четири седишта на Ferrari. Тој беше произведен во тираж од 6.000 примероци и во тоа време беше најпродаван автомобил на компанијата, кој треба да го олесни одржувањето.

Ниската цена се објаснува со имиџот на Mondial и слабата побарувачка на секундарниот пазар. Сепак, моделот останува вистинско Ferrari, што тешко може да се најде во таква состојба.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја