Германците „фатија“ нелегален софтвер кај возила на Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Нов скандал со емисија на штетни гасови од возилата е на повидок во Германија, откако министерството за транспорт нашле софтвер кај возила на Fiat кој мамел во врска со емисијата на штетни гасови што ги испуштале автомобилите.

Министерството одбило да даде детали, но потврдиле дека ќе ги испратат резултатите до Европската комисија која треба да ги ревидира претходните податоци поврзани со Fiat.

Од италијанската компанија демантираат дека нивните возила биле опремени со направа која ги лажирала податоците околу емисијата на гасови што се испуштаат. Германија врши широко тестирање на возилата во однос на емисијата на гасови по избивањето на аферата во Volkswagen во 2015 година кога беше откриено дека нивните автомобили имале направа која ги прикривала вистинските резултати при тестирањата.

Германскиот неделеник Der Spiegel неодамна објави дека тестирањата на патничкиот модел на Fiat 500X покажал екстремно отстапување од декларираните резултати, и дека по 90 минути тестирање системот сам се исклучувал по што имало многу поголемо испуштање на штетни гасови.
Der Spiegel тврди дека во тестовите направени кај возилата на Fiat било утврдено исклучување на направата по 22 минути од почеток на тестирањето. Во Европа тестот трае најманлку 20 минути

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK