Ford со профит од милијарда долари, ги надмина сите очекувања

ОБЈАВЕНО НА:

Европските шефови на Ford очекуваат автомобилскиот производител да направи профит од 1 милијарда долари во Европа во 2016 година, што е неколкупати повеќе во однос на бројките од 2015 година.

Целта на компанијата беше профит од околу 600 милиони долари во Европа. Но, таа бројка беше надмината уште во првата половина од годината, а на крајот од третиот квартач Ford веќе имаше заработка од 1,039 милијарди долари пред оданочување.

Главните причини за вака високиот пораст на профитот се во кратењето на илјадници работни места, затворање на три фабрики и подобрување на понудата на модели во Европа.

Но, профитот во Европа ќе беше уште поголем доколку не се случеше Брегзит, кој според компанијата ги чинел 60 милиони долари во вториот квартал, и уште 140 милиони долари во втората половина од 2016 година поради намалениот интерес за модели во В.Британија. Според раководните луѓе на Ford, Брегзит може д аги чини и до 1,2 милијарди долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK