четврток, 25 јули, 2025 година

Ferrari по 16 години повторно победи во Монако – Фетел останува лидер во Ф1

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Себастијан Фетел го зголеми водството во генерален пласман во конкуренција на возачи во Формула 1 со триумфот во Монте Карло. Сега Фетел има предност од 25 бодови во однос на Луис Хамилтон. За Ferrari ова е прв триумф на улиците во Монте Карло каде „црното коњче“ последен пат победи во 2001 година.

На подиумот во Монте Карло покрај победникот Себастијан Фетел беа уште и Кими Раиконен од Ferrari и Даниел Рикардо од Red Bull. За Ferrari ова е 90. „еден-два“ победа во Формула 1

- Advertisement -

На тесните улици во малото Кнежество Монако вообичаено сѐ се решава во квалификациите. Овојпат победникот беше решен по првата измена на гумите во боксовите. Кими Раиконен тргна како прв и на тоа место се задржа во првото влегување во боксото во 39 круг. Потоа тоа место го презеде Себастијан Фетел кој имаше подобро менување гуми и го презеде водството по враќањето на Раиконен на патеката.

Трошка надеж за можна промена на лидерското место, но и за менување на позициите на другите возачи се појави во последните десет кругови кога на патеката излезе безбедносното возило. Во 60. круг на еден свиок Џенсон Батон виде простор за престигнување на Паскал Верлеин, но овој го затвори просторот а тоа доведе до контакт по што Верлеин се преврте. Осум круга траеше чистењето на патеката, но немашпе промена на местата.

Луис Хамилтон и покрај лошите квалификации каде не влезе во топ-10 и стартуваше од 13 место на крајот сепак освои бодови, по седмото место. До самиот крај се обидуваше да го престигне Саинц, но остана на седмото место.

Следната трка се вози во Канада.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја