Ф1 трката во Бахреин ќе се вози – ама ќе биде без публика

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Трката за ГН на Бахреин ќе се одржи според планираното, на 22 март годинава, но ќе биде без присуство на гледачи. Тоа ќе биде голем проблем за малата земја во Персискиот залив каде токму туризмот е еден од главните сектори. Причината за откажувањето на присуството на гледачи е корнвирусот.

Досега има пријавено 83 случаи на коронавирус со Бахреин, и најголемиот дел се поврзани со патувања во Иран. Исто така откажани се настапите на DJ Afrojack и Don Diablo Планирани во текот на тркачкиот викенд.

- Advertisement -

Бахреин исто така има суспенирано некои авионски линии со цел да се намали наглото ширење на вирусот. Неодамна беше запрена и продажбата на влезници. Лани на трите денови во Бахреин имаше 97.000 гледачи, а само на трката во неделата 34.000.

Сезоната во Ф1 почнува на 15 март во Австралија. Во Персискиот залив има уште една трка, онаа во Абу Даби, но таа според календарот треба да се вози во ноември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја