петок, 25 јули, 2025 година

„Дизелгејт“ уште не завршил: Трамп се заканил со запирање на продажбата на германски возила во САД

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со европските лидери во Брисел остро ја критикувал германската трговска политика, при што најавил дека се го блокира увозот на германски автомобили во САД.

Веста ја пренесува Интернет изданието на германскиот магазин „Шпигел“ , и се повикува на дипломатски претставник, кој присуствувал на средбата на која Трамп рекол:
„Германците се лоши, многу лоши“.
Трамп горко се жалел на високиот трговски суфицит што Германија го бележи во трговијата со САД.
„Погледнете ги милионите автомобили што тие ги продаваат во САД, и ние тоа ќе го запреме“, се заканил Трамп.

- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги демантираше наводите од германските медиуми, потенцирајќи дека не е вистина дека на средбата Трамп бил агресивен кон Германија.

Сепак, ова не е прва критика на Трамп за трговскиот суфицит на Германија со САД, откако во јануари годинава за германскиот медиум „Билд“ изјави дека ова лошо делува врз американското стопанство и најави воведување на даноци од 35 отсто за возила кои не се произведени во САД.
Германските автопроизводители Daimler, Volkswagen Group и BMW се обидоа да се бранат со принципите за слободна трговија и за нејзината важност, како и со тоа дека некои од најголемите фабрики за производство на автомобили се лоцирани во САД.

Германскиот суфицит со Америка на крајот од минатата година достигна рекордни 253 милијарди евра.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја