четврток, 25 јули, 2025 година

Bosch ќе користи вселенска технологија за спречување паѓање од мотоциклите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Една од најчестите причини за паѓање од мотоцикл е губење на контролата во свиоците и во таква ситуација е невозможно да се направи некакво дејство откако целиот процес е почнат. Едноставно тркалата го губат контактот со подлогата под вас во своиците и тука несреќата е неизбежна.

Инженерите во компанијата Bosch затоа веќе имаат изработено уникатен систем, кој обезбедува стабилизација на мотоциклот дури тогаш кога тркалото го губи контактот со асфалтот.

- Advertisement -

Новата технологија се нарекува “skid mitigation research project” и е на Bosch. Суштината е во тоа дека во моментот кога мотоциклот го губи контактот со патот, независно дали е асфалт, влажен или покриен со масло и гумите не можат да си обезбедат доволно странична сила за моторот да се исправи, тогаш се вклучуваат сензорите кои даваат странична доза на реакција.

Се испушта компресивен воздух кој обезбедува дополнителна странична сила на машината и таа се исправува.

Преку млазниците минува истиот гас кој се користи при пумпање на безбедносните воздушни перничиња кај автомобилите. Засега, за жал, дејството е еднократно и се работи само за една доза на гас исто како и кај воздушните перничиња на автомобилите. Независно од тоа и таква еднократна помош е добредојдена во моменти кога е потребно спасување.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја