BMW M3 F80 заминува во пензија

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот BMW M3 заминува во пензија, а последното возило кое ќе биде произведено ќе биде во мај годинава. Според она што соопштуваат од BMW моделот ќе биде пензиониран поради воведувањето на нова Светска хармонизирана процедура за тестови на лесни возила, која има потреба од опремување со филтер за тврди честички.

Во Минхен паднала одлука дека не се исплати да се инвестира во доработување на автомoбилите и дека порентабилно би било да се престане со производство. Истата судбина и претстои и на европската верзија на M550i.

Сепак, нема да има проблеми за купето и за кабриолетот М4 кои ќе почнат да се опремуваат со филтри за тврди честички најдоцна до 1 јуни.

За запирањето на производството на М3 F80 има и друга причина. Следнaта генерација на моделот е веќе подготвена и очигледно е дека работата на него се одвива со забрзано темпо. Се зборува дека следната М3 ќе биде опремена со истиот 3.0 литров V6 мотор, но со моќност од 500 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK