Батерии од хартија за андроиди и iPhone

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот бизнисмен и претприемач Расел Витлок ја креираше првата батерија од хартија за еднократно полнење на мобилниот телефон.

Односно, тој успеал да ја претвори во реалност идејата за лесно достапна батерија за еднократно полнење на мобилниот, која потекнала од неговите синови, кои воедно се и основачи на проектот PhoneAlive.com.

Батериите може да се користат за сите андроид телефони, a има и варијанта наменета за iPhone.
Производот комерцијално е препознатлив под брендот „Phone Alive“, а пар батерии чини 15 фунти. При тоа, се и еколошки прифатливи, односно обвивката е изработена од хартија која лесно се рециклира.

Замислата е батеријата да се користи во оние моменти кога корисникот нема пристап до приклучок за електрична енергија, како и додека е во движење или на фестивал.

Еднократната батеријата има доволно енергија, во период од 45 минути, да го наполни празниот мобилен телефон до 40 проценти.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK