Автономно возило што самото ќе ги казнува пребрзите возачи на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford влегува во нов проект, со што ќе ја зголеми соработката со полицијата во САД. Новиот проект вечи дека ќе биде направен автомобил со кој веќе нема да има потреба од полиција на патиштата низ земјата.

Од Ford веќе има поднесено барање за патент на автономна полициска кола, која ќе може самата да открива сообраќајни прекршоци како возење со поголема брзина од дозволеното, а потоа безжично ќе биде во комуникација со автомобилот и неговиот возач за да ја провери личноста и да издаде казна.

Возилото коешто ќе го произведе Ford ќе може да користи камери за набљудување за да може да ги забележи сите прекршоци. Ќе ја следи регистрацијата, ќе го следи возилото и доколку ја надмине дозволената брзина ќе комуницира со возачот.

Според она што стои во барањето за патент јасно е дека целта е автомобилот да ги замени полицајците. Во барањето стои: „Рутинските полициски задачи како издавање на казни за зголемената брзина или незапирање на знакот ’Стоп’ можат да бидат автоматизирани така што полициските службеници ќе можат да исполнуваат други задачи кои не можат да бидат автоматизирани“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK