Aston Martin на принцот Чарлс вози на вино

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Принцот Чарлс е еден од најголемите вљубеници во автомобилите, а во својата колекција има повеќе од 100 возила. Она што е интересно е дека еден од нив вози на вино.

Во возниот парк на принцот Чарлс се наоѓа Aston Martin DB6 Volante кој како погонско гориво го троши остатокот од виното. Овој автомобил е познат и по тоа што е користен во 2011 година кога синот на Чарлс, Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон.

- Advertisement -

„Откривме дека може да вози на остатокот од англиското бело вино. Инжинерите на Aston Martin признаа дека автомобилот дури и оди подобро и е посилен отколку кога користи бензин. Покрај тоа, се појавува и одличен мирис во текот на возењето“, вели Чарлс.

Неговата колекција на автомобили користи еколошки прифатливо гориво создадено од масло за јадење, но тоа не е сè бидејќи возот на кралицата Елизабета исто така користи еколошка алтернатива.

Во септември на принцот му беше доставен неговиот прв потполно електричен автомобил, а тоа е Jaguar I-Pace. Автомобилот е во сина Loire боја и затоа е уникатен. I-Pace им се придружи на Aston Martinu, Jaguaru XJ, Audiju R8 и другите возила на четири тркала во гаражата на принцот.

Кралското семејство поседува и неколку возила Land Rover, Range Rover, Jaguar и Bentley. Војводата од Кембриџ поседуваше Audi A5 Sportback, додека војвотката од Кембриџ има Audi A3. Принцот Хари наводно има Audi S3, а некогаш имаше и Audi RS6. И покрај тоа што го поседува скромниот Jaguar X-Type караван, кралицата Елизабета обично се вози во блиндирано Bentley на биогориво кое чини 10 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја