Апликации што најмногу ја трошат батеријата на телефонот

ОБЈАВЕНО НА:

Денешните смарт телефони стануваат незмислив ден од секојдневието, и на нив ги вршиме сите работи, без разлика дали станува збор за приватни или службени. А за таа намена, потребно е да постојат одредени апликации што ни ја олеснуваат работата. Некои од овие апликации се повеќе користени од корисниците поради нивната намена. Прекумерната употреба, покрај сето друго, води и до брзото трошење на батеријата и потребата од нејзино често полнење.

Веќе се знаат и апликациите во телефонот кои најмногу ја трошат батеријата. Очекувано, меѓу нив се такви популарни апликации како Facebook, Netflix, WhatsApp и Google Maps.

Ова го покажуваат податоците на компанијата Avast која ги посочува апликациите кои влечат најмногу податоци, заземаат најмногу место во меморијата на смартфонот и најмногу ја трошат батеријата.

10-те апликации кои се фабрички во телефоните:

1. Samsung AllShare
2. Samsung Security Policy Updates
3. Beaming Service for Samsung Chat
4. ON Voice & Video Chat
5. Google Maps
6. WhatsApp Messenger
7. Facebook
8. WeChat
9. AppLockDU
10. Battery Saver

10-те апликации кои најмногу трошат батеријата:

1. Samsung WatchON
2. Samsung Video Editor
3. Netflix
4. Spotify Music
5. Snapchat
6. Clean Master
7. LINE: Free Calls & Messages
8. Microsoft Outlook
9. BBC News
10. ES File Explorer File Manager

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK