петок, 25 јули, 2025 година

Американците ќе прават автомобилска „електрификација“ на Куба

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По смртта на Фидел Кастро се очекува и поголемо економско отворање на Куба, што значи и поголемо присуство на нови автомобили на улиците. Кубанската Влада во 2012 година дозволи слободен увоз на возила, што беше забрането повеќе од 50 години. Сега американска компанија е првата што ќе увезува возила на островот – но електрични.

Компанијата Premier Automotive Export е со седиште во Мајами добила дозвола да извезува возила, откако за тоа согласност дало и Бирото за Индустрија и Безбедност во САД. Дозволата е со траење од 4 години, и ќе овозможи извоз на различни нарачки во форма на возила и инфраструктура за полнење на батериите.

- Advertisement -

Сепак и оваа дозвола е со одредени ограничувања. Во овој случај станува збор за можност возилата да бидат продавани само на приватни компании и амбасади. Кубанците како приватни лица се уште нема да може слободно да купуваат возила. Ќе биде вработен поранешен пензиониран техничар од General Motors за да го обучи локалниот персонал како да управуваат и ги одржуваат возилата.

Првата испорака вклучува седум возила Nissan LEAF и 50 станици за полнење што ќе бидат инсталирани на бензинските станици во околината на Хавана. Останува да се види како ќе продолжи ова во иднина и каков ќе биде ставот на новиот претседател Доналд Трамп околу соработката со Куба.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја