Ако возите деца – нема пушење

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Според новиот закон, полицијата лица коишто ќе ги фати со запалена цигара во приватно возило во кое се превезуваат и малолетни лица ќе ги казни со 100 фунти на самото место. Доколку случајот стаса пред суд, казната би можела да изнесува и 1.000 фунти.

Од понеделникот во Шкотска, во рамките на владиниот проект „генерација без тутун“, на сила стапува новиот закон за забраната за пушење во автомобил во кој се наоѓаат деца.

- Advertisement -

Законот во декември едногласно го усвоија членовите на шкотскиот парламент. Новата мерка е воведена во рамките на планот на владата на Шкотска за намалување на стапката на пушење на помалку од 5 отсто до 2034 година.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), пасивното пушење се доведува во поврзаност со развој на астма, респираторни воспалувања, рак на белите дробови и срцеви заболувања.

Законот за забрана на пушење во возила во кои се наоѓаат деца на сила е во Англија и во Велс од октомври 2015 година.

Извор. BBC

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја