сабота, 25 јули, 2025 година

Ако има многу трки во календарот Хамилтон и Алонсо ќе си заминат

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Двајца поранешни светски прваци во Формула 1, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон може да го напуштат „големиот циркус“ доколку сегашниот сопственик „Либерти медиа“ дополнително воведе трки во календарот. Зборувајќи пред новинарите за време на гран при викендов во Канада, двојниот светки првак Алонсо изјави дека ќе замине ако календарот добие 25 трки по сезона.

„Јас почнав кога календарот беше со 16 трки, плус тестирањата. Сега продолжуваме да го зголемуваме календарот со нови трки секоја сезона, и сметам дека сега имаме календар кој бара многу од нас. Подготовка, спонзорски настани, тестирања, обврските што ти ги имаш и плус 20, 21 трка. Мислам дека е тоа доволно. Сметам дека квалитетот на живеење е поважен од тоа да возиш повеќе сезони во Ф1 – и доколку календарот остане на сегашните 20-21 трка, јас би бил среќен, изјави Алонсо.

- Advertisement -

Кога за коментар на ваквата изјава на Алонсо бил прашан Луис Хамилтон, тој одговорил дека се согласува.
„Знам за што зборува Фернандо, и можам да кажам дека целосно се согласувам со него“, изјавил Хамилтон.

Според комерцијалниот директор на Ф1, Шон Брачер, новиот сопственик на Ф1, Либерти медиа сакаат повеќе од 21 трка по сезона.
„Сакаме да работиме партнерски со тимовите во однос на тоа во која насока одиме, но нашето гледиште е дека сакаме да одиме со повеќе од 21 трка, изјавил Брачер.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја