Ова се најпродаваните брендови во Македонија за 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во Македонија со години наназад не се води т.е. објавува официјална статистика на бројот на продадени нови автомобили. Единствена која официјално се објавува е бројот на увезени автомобили. Секако, тоа не покажува многу бидејќи дел од тие автомобили може да не се продадат иако се увезени.

24auto.mk дојде до бројки за продажбата по брендови и по месеци за минатата календарска година, и тоа со вкрстување на повеќе податоци. Можно е да има некое отстапување, но во ситуација кога нема прецизна информација оваа на www.24auto.mk сигурно ќе биде приближно најточна.

- Advertisement -
Увезени возила според податоците на Царинската управа

За разлика од аналитичките податоци, ние ви ги нудиме најпродаваните пет бренда во секој месец. Skoda и Toyota се единствените брендови во Македонија кои се наоѓаат во топ 5 најпродаваните секој месец.

Чешкиот производител беше најпродаван бренд во дури 8 месеци од годината, а најмногу возила продаде во февруари минатата година, дури 78. Toyota беше најпродаван бренд во три месеци, а најмногу автомобили продаде во септември, 55. Минатата година Skoda продаде 517 автомобили додека  Toyota 427 автомобили. Со тоа чешкиот производител е најпродаванито бренд во Македонија минатата година.

По Skoda  и Toyota кои се наоѓаат во сите 12 месеци во топ 5 најпродавани брендови, следи Volkswagen кој на листата топ 5 најпродавани автомобили се наоѓа  во седум.  Kia седум месеци од минатата година продала автомобили доволно да биде во топ 5 тие месеци.  Следи и Citroen кој во шест месеци од годината беше во листата топ 5 најпродавани брендови.

Во продолжение е прикажана продажбата на најпродаваните 5 брендови на месечно ниво за сите 12 месеци.

Топ-5 брендови по месеци

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја