Саемот во Женева ќе донесе многу промоции, а една од нив ќе биде и на електричниот I-PAC на Jaguar. Саемот почнува на 6 март, но првото покажување на автомобилот ќе биде на 1 март од 19 часот.Од Jaguar велат дека моделот ќе има исклучително брзо полнење на батеријата. Тоа ќе биде за помалку од 45 минути, а ќе биде со динамика карактеристична за спортски автомобил и со практичност на СУВ.
Моделот е веќе тестиран и тоа на екстремни услови и на ниски температури. Тестирањата биле во Шведска и тоа на делови каде е дури -40 степени.
Клиентите ќе можат да ја користат електричната мрежа во своите домови за да ја подготват батеријата на I-PACE.