Ford и Chevrolet ги одмерија силите на писта (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот од новaта генерација на Chevrolet Corvette ZR1 дојде до забележителен резултат на Virginia International Raceway во конфигурацијата Grand Course при што постави и нов рекорд. Ова постигнување дојде само една недела откако Ford GT го постави најдоброто време.

Corvette ZR1 мина еден круг за 2:37.25 и го подобри времето на Ford GT за 1.37 секунди. Рекордерот Corvette ZR1 беше опремен со гуми Michelin Pilot Sport Cup 2, но и со специјални подесувања за суспензија. ZR1 располага со 6,2 литарски V-осумцилиндричен мотор со механички вентилатор.

Моќноста на овој автомоил е 765 коњски сили, а максимални момент на вртежи 969 Нм. Моторот може да работи како со автоматски така и со седумстепен механички менувач.

Првиот примерок од новиот ZR1 беше продаден за сума од 925.000 долари. Инаку, основната цена е 120.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK