петок, 26 јануари, 2026 година

VW ќе ги ограничи платите на менаџерите

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во иднина главниот извршен директор на Volkswagen ќе има максимална плата од 10 милиони евра годишно, и истовремено ќе има и ограничувања и за другите членови на бордот.

Според планот, извршните раководни лица ќе примаат фиксни плати и помалку варијабилни примања и бонусите ќе се изедначат со промената на дивидендата што е на акциите на VW на берзата, тврди бизнис весникот Ханделсблат.

- Advertisement -

Извршните раководни лица ќе инвестираат во акции во компанијата што мора да останат најмалку неколку години. Надзорниот одбор на VW работи на нов правилник за платите на раководните функции веќе извесно време. На следниот состанок на 24 февруари повторно ќе се разговара за ова прашање.

Компанијата беше критикувана и порано во однос на платите на раководнит елица. Поранешниот Главен извршен директор Мартин Винтеркорн имал годишна плата од речиси 16 милиони евра во 2014 година. Во 2015 му била преполовена но се уште примал 7,3 милиони евра, во фиксен и варијабилен износ, и покрај тоа што акците на компанијата драстично паднале по избивањето на аферата со лажираните податоци за емисијата на ЦО2.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја