Време е за роденден: Porsche 928 наполни 40 години од првиот модел

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche 928 прослави 40 години од постоењето, а овој автомобил не ги достигна бројките коишто се очекуваа. Луксузниот GT се појави во 1977 година и првобитно беше замислен како наследник на Porsche 911. Во 1978 година го доби насловот Европски автомобил на годината, но бројките не беа најдобри. Автомобилот не беше омилен кај купувачите, а за 18 години колку што беше на пазарот се продаде во околу 60.000 примероци.

Директорите на Porsche од тој период имале добра визија. Откако бројките на пазарот на 911 почнале да застануваат решиле да направат нов модел кој ќе биде еднакво брз, атрактивен и посакуван, но во исто време да понуди повеќе комфор, луксуз и опрема со што се поправаат грубостите кај Porsche 911.

Од основањето во 1949 година се произведени само седум модели со мотор во предниот дел на автомобилот. Четири од нив се купе, а еден од тие е и 928. Се разликува по едно од другите, а тоа е единствениот модел во историјата кој имаше осум цилиндричен мотор сместен напред, а воедно е и првиот Porsche so V8 мотор.

Со концепцијата 2+2, Porsche 928 понудил повеќе места назад од моделот 911. Веќе во 1980 година на пазарот се појавил Porsche 928 S со обем од 4.7 литри, но и мотор кој има моќ од 300 коњски сили, додека од 1984 година развивал 310 коњски сили.

Уште поинтересен е Porsche 928 S4 со мотор 5.0 V8 со 320 коњски сили, кој стигна во 1986 година. Две години подоцна се нудеше Club Sport со намалена маса за 100 килограми и со ZF затворач на диференцијалот.

Најпознат и најсилен e Porsche 928 GTS со мотор 5.4 V8 со 350 коњски сили, кој беше произведен во 1991 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK