недела, 25 ноември, 2025 година

Чудно: Oд Honda најмногу се крадат воздушни перничиња!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во последниот период има вистинска епидемија на кражби на воздушни перничиња од автомобилите на Honda. Секоја година во САД без ербеговите остануваат околу 50.000 возила од јапонскиот бренд. Точниот број не е познат, а го немаат ниту во службата која води статистика за вакви кражби.

Според медиумите во САД само во округот Мајами-Дејд во 2017 година биле украдени 875 воздушни перничиња. Една година порано бројот брил 199, а во 2013 биле регистрирани 38 случаи. Од почетокот на 2017 година во Њујорк вакви кражби биле направени вна 409 возила Honda, додека во Флорица само за една ноќ на паркинг на хотел биле украдени воздушни перничиња од 14 автомонили.

- Advertisement -

Крадците се интересираат најмногу за новите модели произведени после 2013 година: Civic, Accord, CR-V и Pilot.

Се смета дека ербеговите го будат интересот на крадците најмногу заради цената. Таа достигнува до 1000 долари, а со монтажа излегува меѓу 2000 и 2500 доалри. Украдените ербегови по правило се користат од сомнителни сервиси кои цената ја држат како за нови возила, а ги купуваат за сума од 200 до 300 долари.

Претставник на Honda вели дека компанијата не води статистика за кражбите на воздушни перничиња и нема објаснување зошто крадците ги претпочитаат нивните автомобили. Едно од објаснувањата е дека крадците едноставно избираат модели кои имаат најголема популарност.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја