Внимание: Нема ограничување на брзината, но камерите снимаат

ОБЈАВЕНО НА:

Иако германските патишта важат за едни од најдобрите во земјите од Европската унија и на возачите им овозможуваат да ја стиснат педалата за гас до крајот, сепак, не е сe така едноставно за нив. На патиштата нема ограничување на брзината освен на местата каде што тоа е посебно назначаено, а тоа се главно места каде што се изведуваат некакви работи или има влошени временски услови.

Сепак, целиот автопат е прекриен со мобилни полициски патроли и со камери кои ги евидентираат сите видови на прекршоци. За да им упати предупредување на сите возачи, германската полиција објави снимка на ситуација која може да заврши со катастрофални последици.
Имено, на автопатот А9 камерите забележале возач на Audi A6 кој вози во крајната лева лента и сосема му се приближува нa VW Passat.

Предантните Германци соопштија дека сето ова се случувало при брзина од 170 км/ч. Audi му приоѓа на Volkswagen на само девет метри, а експертите пресметале дека во случај на кочење на возачот на Volkswagen, возачот на Audi ќе имал само 0,2 секунди за реакција.

Според пропишаното при брзина од 170 km/h минималното растојание меѓу две возила мора да биде 68 метри. Поради драстично загрозување на безбедноста во сообраќајот возачот на Audi на домашна адреса ќе добие коверт со казна од дури 960 евра, а го очекуваат и два казнени поени и два месеци забрана за управување со моторни возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK