Екс-менаџер на Челзи ќе вози на релито Дакар

ОБЈАВЕНО НА:

Стратегот кој седеше на клупата на Челзи и на Тотенхем во Премиер-лигата, а пред извесно време го напушти тимот на Шангај СИПГ почна подготовки за настап на најтешкиот предизвик во светот на автомобилизмот. Андре Вијас-Боаш одлучи да настапи на релито Дакар, па еден период фудбалскиот терен ќе го замени со управувањето на возило низ пустините и планините во Јужна Америка.

Тренерот кој има 40 години ќе управува Toyota Hilux, а негов навигатор ќе биде поранешниот мотоциклист, Рубен Фарија.

„Сакав да се натпреварувам со мотор, мојот пријате Алекс Дорингер, кој е менаџер на КТМ ме разубеди. Тој ми кажа дека за да се тркам со мотор ми треба една цела година подготвување и е подобро да размислам за учество со кола. Се поврзав со тимот на Toyota и ете ме тука подготвен за тркање“, вели Боаш.

Неговите фудбалски успеси се добро познати. Со Порто ја освои Лигата на Европа во 2011 година. Потоа седна на клупата на Челзи, а за помалку од година го напушти овој клуб. Се пресели во Тотенхем каде беше година и пол, но не успеа во ниту еден од овие два тима да освои титули. Со Зенит имаше три трофеи,. Дали ќе успее да биде поуспешен на Рели Дакар ќе се види од 6 јануари кога почнува оваа трка која ќе се вози во Перу, Боливија и Аргентина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK