Continental има идеја: Клуч од автомобилот на вашиот мобилен

ОБЈАВЕНО НА:

Мобилниот телефон во иднина може да има и дополнителна улога со тоа што ќе може да го отклучи и заклучи автомобилот, но ќе има можност и да го стартува моторот со оглед на тоа што преку апликација на некој начин ќе биде клуч за вашето возило.

Ваквиот систем во моментов е на тестирање кај Continental, а идејата наиде на голема заинтересираност кај компаниите коишто се занимаваат со изнајмување на возилата. Затоа новиот систем ќе биде тестиран во соработка со компанијата Avis.

Оваа пилот програма ќе биде тестирана во Канзас Сити и тоа на 20 возила. Доколку тестовите покажат успешни резултати, тогаш веднаш ќе се тргне со масовна имплементација на овој систем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK